Вкупно 38 години затвор за убијците на Никола Саздовски-Саздо

За убиството на Никола Саздовски-Саздо обвинетите добија вкупна казна затвор од 38 години.  Бесир Беља (20) и Скендер Демири (21) се прогласени за виновни за сторено кривично дело убиство на свиреп начин и добија затворски казни во траење од по 19 години.
Судијката Даниела Алексовска-Стојановска во образложението на пресудата наведе дека обвинетите заработиле идентични казни, бидејќи од спроведените вештачења не можело да се утврди кој ги задал смртоносните удари од кои починал Саздо.
Семејството на Саздовски бара и надомест на штета за сите членови, а сумата за отштетно побарување е повеќе од 10 милиони денари.
На 7 февруари годинава беше извршна реконструкција на убиството на Саздовски во присуство на сведоците и вештите лица на автобуската постојка во Автокоманда. Според обвинението, Бесир Беља и Скендер Демири заедно со деветнаесет годишниот Јетон Љужа кој е во бегство, на 29 јуни 2018 година, крвнички го претепале Никола Саздовски на автобуска постојка на булеварот “Александар Македонски“. Десет дена подоцна од здобиените повреди Саздовски почина на КАРИЛ во Скопје.
Третообвинетиот Љужа сè уште е недостапен за судот и полицијата, и по него се распишани домашна и меѓународна потерница.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.