Вкусен десерт за жешко лето: Торта со лубеница

ЗА ПОДЛОГА
250 г чоколадни наполитанки
125 путер
2 лажици мед
2 лажици млеко
ЗА ПРВ ФИЛ
500 мл кисела павлака
200 мл слатка павлака
100 г шеќер
1 лимон
1 кесичка желатин
1 кесичка кремфикс
1 ванилин шеќер
ЗА ВТОР ФИЛ
500 г исчистена лубеница
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 кесичка желатин
ЗА УКРАСУВАЊЕ
100 мл слатка павлака
Наполитанките измиксајте ги во блендер. Додадете ги путерот, медот и млекото, и миксајте додека добиете хомогена смеса. Нанесете ја во калап, израмнете ја и ставете ја во фрижидер да се стегне.
Изматете ја слатката павлака со шеќерот, ванилиниот шеќер и кремфиксот, а желатинот размешајте го со лимоновиот сок и малку вода. Откако ќе набабри растопете го на тивок оган и додадете малку кисела павлака. Преостанатата кисела павлака измешајте ја со рендана лимонова кора и изматената слатка павлака. Нанесете го белиот фил врз подлогата и оставете во фрижидер да се стегне.
Лубеницата исчистете ја од семките, испасирајте, и заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер загревајте на тивок оган. Додадете го желатинот и мешајте додека се растопи. Оставете вториот фил да се излади и откако ќе почне да се желира нанесе го врз белиот фил во калапот. Повторно ставете во фрижидер да се стегне, нанесете изматена слатка павлака и украсете по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.