Вкусен оброк за топлите денови: Полнети тиквички со пилешко месо

Тиквичките се вистински синоним за лесно и вкусно летно јадење. Тие можат да се припремат на најразлични начини и секогаш се неверојатно вкусни.

Денеска ви предлагаме да подготвите полнети тиквички со пилешко месо. Со тоа ќе добиете лесен, нискокалоричен и здрав оброк.

Потребни состојки:

• 2-3 главици црвен кромид

• 2-3 чешниња лук

• 4-5 тиквички

• 2-3 филети пилешко месо (или еден пилешки стек)

• црвен пипер

• сол и бибер

• доматен сос

• 200 мл. кисела павлака

Припрема:

На масло пропржете го црвениот кромид, а потоа додадете го лукот. Тиквичките измијте ги, исечете ги по должина и издлабете ги за да добиете облик на чамец. Издлабениот дел од тиквичките исечкајте го на коцки и додадете го во тавата.

Пилешкото месо исечкајте го на коцки и пропржете го во посебна тава, а потоа додадете го на претходната смеса. Сè заедно динстајте додека не испари водата, додадете го црвениот пипер и зачинете со сол и бибер.

Со вака подготвената смеса наполнете ги тиквичките, ставете ги во огноопторен сад и пред печењето прелијте ги со доматен сос. Кога тиквичките ќе се запечат, извадете ги од рерна, додадете ја киселата павлака врз нив и вратете ги во рерна да се допечат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.