Вкусен ручек за целото семејство: Подгответе го овој лесен и брз оброк

Летниот период е навистина проблематичен кога треба да одлучиме што ќе зготвиме. Кога станува збор за храната, многу често знаеме нешто да порачаме, но овој пат имаме една одлична идеја за превкусен ручек за целото семејство.
Состојки:
– 3,4 мали округли или 2-3 обични долги тиквички;
– 1 лук;
– мала шолја (2дл) ориз;
– 3,4 парчиња мелено месо;
– 1 морков;
– 1 лажица кисела павлака;
– 100 гр. кашкавал ајдамер или гауда;
– суви зачини – сол, бибер.


Подготовка:
Тиквичките преполовете ги по должината ако се долги, а ако се округли, отсечете им го врвот како капа. Издлабете внимателно со помош на мал нож или лажица и оставете ги малку на тивок оган во поголема количина солена вода (5мин.). Бланшираните тиквички исцедете ги во огноотпорна тава, премачкана со масло или путер.
Пред да ги наполните со ориз, динстајте на малку масло ситно исецкан кромид, а после неколку минути додадете го остатокот од состојките. Промешајте, додадете три шолји вода, зачинете и повремено мешајте додека оризот не ја впие речиси целата течност.
Тогаш додадете ја киселата павлака, а за да го усовршите вкусот додадете го и кашкавалот. Промешајте додека кашкавалот не се стопи, па со оваа мешавина наполнете ги тиквиците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.