Вкусни говедски ќофтиња со сирење кои ќе ги обожавате!

Кофтињата се одличен додаток на многу јадења, па така можете да ги послужите со ориз или тестенини.

Во продолжение ви споделуваме рецепт за ќофтиња од говедско месо со сирење.
Вкусни говедски ќофтиња со сирење кои ќе ги обожавате!

Потребни состојки:
450 грама мелено говедско месо
100 грама сирење
50 грама лебни трошки
1 јајце
свеж магдонос
сол и црн бибер

Вкусни говедски ќофтиња со сирење кои ќе ги обожавате!

Начин на подготовка:

Во подлабок сад измешајте ги меленото говедско месо, сирењето, лебните трошки, јајцето и магдоносот. Зачинете ја смесата со сол и бибер по желба и обликувајте мали топчињаС.

Наредете ги ќофтињата во сад за печење и печете околу 20 минути на температура од 220 степени целзиусови. Можете да ги послужите со вашиот омилен сос. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.