Вкусни и здрави: Рецепт за бомбици кои се готови за 15 минути!

Дали сакате нешто слатко, но здраво? Ви предлагаме рецепт за бомбици кои можат да бидат идеален десерт доколку немате време, а ви треба закуска која ќе ви даде енергија и ќе ви го подобри расположението.

Потребни состојки:
150 грама путер од кикирики
100 грама овесна каша
75 грама чоколадни капки
50 грама мелено ленено семе
2-3 лажици мед
Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги путерот од кикирики и медот.
  2. Додадете ги овесните снегулки и меленото ленено семе и сè добро измешајте.
  3. На крајот додадете ги парчињата чоколада.
  4. Од добиената смеса обликувајте топчиња.
  5. Ставете ги во фрижидер пред да ги консумирате. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.