Вкусни триаголничиња за појадок

Ако сакате пита ова е сосема сладок и брз рецепт за појадок.
Потребно е:
1/2 кг кори за пита
200 гр сирење
1 јајце
малку прашак за пециво
100 млилитри јогурт
Подготовка: Во чинија здробете го сирењето, додадете го јајцето, јогуртот и пецивото. Сето тоа добро измешајте го. Кората раширете ја на маса, премачкајте ја целата, свиткајте ги страните до половина, па преклопете ја. Со лажица распоредете ја смесата низ целата должина на кората. Поклопете ја со другата страна врз смесата па свиткајте ја час на една час на друга страна и формирајте тријаголник.
Наредете го во подмачкана тепсија. Готовите триаголничиња премачкајте ги со масло и по желба посипете ги со сусам. Печете ја на 200 степени околу 30 минути, додека убаво не зацрвенат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.