Вкусни тулумби

250 мл вода
50 мл масло
250 г брашно
3 јајца
ШЕРБЕТ
600 г шеќер
500 мл вода
1 ванилин шеќер
1 литар масло
Водата и шеќерот ставете ги во лонец, па откако ќе зовријат, варете ги околу 20 минути на среден оган. Во готовиот шербет ставете 40 милилитри ладна вода за да го прекинете процесот на вриење. Потоа додајте го ванила шеќерот, измешајте и оставете го да се лади.

Чекор 2: Ќе започнеме со подготовка на Тулумбите. Ставете ги да зовријат водата, маслото и прстофат сол. Додадете го брашното и мешајте за да добиете рамномерна смеса. Оставете ја да се излади. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, и измесете мазно тесто.

Чекор 3: Ставајте од тестото во шприц за Тулумби, и сечете парчиња со должина од околу 5 сантиметри. Пржете ги во загреано масло на средна температура, маслото не треба да биде многу топло. Оставете простор во тавата за да нараснат.

Чекор 4: Кога ќе се испржат рамномерно од сите страни, тргнете ја тавата од оган за да не се прегрее маслото, и ставајте ги Тулумбите во изладениот шербет. Потоа вратете ја тавата на шпоретот и пржете ги следните Тулумби. Кога ќе бидат тие готови, извадете ги претходните што стоеја во шербетот во Ростер тавата, па ставете ги новите во истиот шербет.

Чекор 5: На крај, прелијте ги сите Тулумби со преостанатиот шербет, и оставете ги да се изладат и да го впијат шербетот, околу 2 часа. Ние од оваа доза на тесто направивме 28 Тулумби.

Чекор 6: Сервирајте ги со кругчиња лимон, или друго цитрусно овошје. Мора да ве потсетиме дека тие имаат многу шеќер, па затоа внимавајте колку парчиња ќе изедете!


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.