Вкусно и лесно: Пилешко во кари сос

Потребни состојки:
Пилешки стек
2 лажици путер
Сол и бибер
За сосот:
2 лажици путер
1 главица кромид
1 и пол лажица брашно
Кари
¼ л пилешки бујон
4 лажици павлака за готвење
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Во чинија измешајте растопен путер, сол, бибер и премачкајте го пилешкиот стек. Наредете го месото во тава и печете околу 8 минути додека да добие златно-кафеава боја. Печете уште 8 минути од другата страна. Во меѓувреме подгответе го сосот.
Во помала тава растопете путер, додајте го ситно исечканиот кромид и динстајте го. Додајте брашно и кари. Со постојано мешање додајте бујон и павлака. Мешајте додека да се згусне сосот. Ставете сол и бибер по вкус. Прелијте со сосот преку печеното месо, а како прилог може да послужите варен ориз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.