Вкусно и сочно: Торта „Нутела“ која се прави за 20 минути

Станува збор за неверојатно вкусна торта која се прави брзо и лесно, а нејзиниот кремаст, чоколаден вкус е секогаш докажан избор за целото семејство.
Рецептот што го обожуваат сите: Торта со чоколаден крем која се прави за 20 минути
Чоколадните десерти се слабост за многумина од нас, а оваа торта без печење е само една такво слатко доживување.
Тортата има нежен, скоро сладоледен вкус, а многу лесно се прави.
Потребни состојки за тортата со чоколаден крем без печење:
За кора:
240 г мелени бисквити
150 мл млеко
160 г путер или маргарин
95 г шеќер
160 г чоколадо за готвење
За фил:
380 г крем сирење
60 г шеќер во прав
760 мл слатка павлака
240 г Нутела


За глазура:
200 мл слатка павлака
200 г млечно чоколадо
Начин на подготовка:
Страните на калапот треба да бидат со димензии 25×25 сантиметри. Ставете хартија за печење на дното од калапот.
Потоа треба да се направи подлогата. Истурете млеко во поголемо тенџере на шпоретот, додајте го исечканиот путер или маргарин и додајте го шеќерот. Промешајте додека не се растворат шеќерот и путерот.
Потоа, додајте го ренданото чоколадо во тенџерето и промешајте за да се растопи. Тргнете го тенџерето од оган. На крај, додајте ги мелените бисквити и добро промешајте за да добиете изедначена смеса.
Нанесете ја смесата на дното од калапот на кој му се вадат страните и добро притиснете за да ја израмните кората (можете да користите чаша, тавче или друг предмет за рамнење). Ставете го калапот во фрижидер за површината да се зацврсти додека кремот се приготвува.
За филот, изматете го крем сирењето со шеќерот во прав. Во друг, поголем сад, изматете ја слатката павлака во шлаг. Во шлагот додајте го изматеното крем сирење и повторно измешајте со миксерот.
Добиениот крем поделете го на 2 еднакви делови. Додајте го омекнатиот Нутела крем (на собна температура) во едната половина од филот и добро измешајте со миксер. Извадете ја подлогата од фрижидер и нанесете го белиот фил врз неа. Израмнете ја површината.
Нанесете го чоколадниот фил врз белиот. Внимателно израмнете ја смесата.
Тогаш треба да се подготви глазурата. Истурете ја слатката павлака во тенџере на шпоретот и доведете ја до вриење. Потоа тргнете го тенџерето од оган, додајте го исечканото млечно чоколадо и промешајте за да се растопи чоколадото.
Внимателно истурете ја глазурата врз тортата и ставете ја во ладилникот добро да се излади пред сервирање, по можност една ноќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.