Вкусно: Јогурт пита

Состојки
500 гр свежи кори
500 мл јогурт
4 јајца
1 лажичка сол
100 мл масло
100 мл кисела вода
1 рамна лажичка прашак за пециво
100 гр урда или младо сирење


Оваа пита уште се нарекува пита хармоника, пита лепеза, гибаница лепеза/хармоника итн. Името и е од начинот на виткање на корите, но кај мене овој рецепт е запишан како јогурт пита и затоа и така го оставив насловот.
Едноставно е за подготовка. Потребно е само малце време и трпение за да се наредат корите.
1. Во правоаголно тавче подмачкано со масло, ставаме две кори за подлога на питата. Останатите кори ги виткаме како лепеза/хармоника и ги редиме една до друга во тавчето.
2. Со останатите состојки подготвуваме течна смеса за прелив на корите. Сите состојки убаво се мешаат и со течноста прелеваме убаво низ корите.
Со помош на вилушка, нежно поминуваме низ отворите на коричките, за да убаво навлезе до доле смесата.
3. Се пече на 200 степени, околу 20-25 мин, односно да зарумени и испари течноста.
Одлично одговара наросена со малце лут буковец и со чаша јогурт или ајран.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.