четврток, 12 ноември 2026
Најново

Владата за Кочани: Тоа е заедничка битка, погодените од трагедијата не треба да се чувствуваат сами

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 62 млади луѓе, е од невидени размери, велат од Владата и нагласуваат дека како Влада, нивна должност, покрај целосното истражување и расветлување на случајот и изведување пред лицето на правдата на сите вклучени, е и да обезбедат соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени и нивните семејства.„Досега, како Влада, обезбедивме 30 милиони денари за превоз и сместување на придружници, поточно членови на семејствата на повредени пациенти. Но, нашата грижа не завршува тука, бидејќи Кочани е наш приоритет и никој не се осмелува да биде заборавен“, велат од Владата.Отворивме и телефонска линија која е во директна комуникација со премиерот. Повредените и нивните семејства можат да се јават на 070/355-526 за да ги искажат своите барања, конкретни предлози и потреби.„На владина седница ќе донесеме одлука рекреативниот центар Пониква, кој има 27 соби и 56 кревети, да се трансформира во рехабилитационен центар, каде што медицинскиот персонал ќе може да работи и на психофизичката состојба и на пружање медицинска нега за брзо закрепнување на повредените граѓани“, се вели во владиното соопштение.„Како Влада, ќе направиме сè што е во наша моќ да помогнеме и да се обидеме да ја намалиме болката. Преземаме конкретни мерки што се во интерес на граѓаните. Државата мора и се менува“, се наведува во соопштението.

Поврзани вести