четврток, 12 ноември 2026
Најново

Владата уверува дека имаме доволно залихи на гориво, се размислува за намалување на акцизите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата уверува дека државава има доволно залихи на горива и дека нафтените потреби целосно се задоволуваат. Велат дека состојбата будно се следи и дека доколку има потреба соодветно ќе се реагира.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претставници од нафтените компании за што информираше на Фејсбук, а претходно од Штип во изјава за медиумите рече дека Владата е подготвена да ги намали акцизите и дел од даноците на горивата доколку нагло скокне цената на нафтата на светските берзи поради конфликтот на Блискиот Исток.
Според Мицкоски, како држава немаме голема зависност од природниот гас, но нафтениот сектор може да се соочи со раст на цените. 
Од друга страна, експертите оценуваат дека воениот конфликт на Блискиот Исток може да има директни последици врз македонската економија, а скокот на цената на нафтата може да предизвика нов инфлациски бран.

Поврзани вести