Влада на „Фарма“, Лепа Лукиќ во „Големиот брат“

Генералната проба за новиот серијал на „Големиот брат“ беше одржана вчера, а на познатите кои од 25-ти март ќе се борат за 50000 евра им се приклучи и Лепа Лукиќ. Од вторник пак, меѓу фармерите се приклучува Влада Вуксановиќ.
Ни продуцентите на „Големиот брат“, ни организаторите на „Фарма“ не сакале да потврдат кои се дефинитивните учесници на овие емисии кои речиси почнуваат истовремено. Меѓутоа, неофицијални извори соопштуваат дека по Коста Рика и преживувањето во дивината, Влада ќе се обиде и на „Фарма“.
Покрај победникот на последниот серијал„Срвајвор“ и старлетата Станија ќе биде на имотот во Лисовиче, а договор за евнтуалното учество потпишала и пејачката Дарија.
Денес, 24 натпреварувачи ќе влезат во карантин од кој директно ќе продолжат на фармата. И тие како и натпреварувачите на ВИП серијалот „Големиот брат“ ќе се борат за награда од 50000 евра.
Официјано „Големиот брат“ почнува на 25-ти март. Серијалот ќе се емитува на Б92, а водителка на емисијата која ќе ги презентира најинтересните работи ќе биде Маријана Мичиќ која беше вклучена во сите претходни изданија на ова шоу.
Иако нема официјална потврда, се шпекулира дека меѓу натпреварувачите повторно ќе биде Лепа Лукиќ. Според првиот човек на „Емоушн“ најгледана сезона на „Големиот брат“ била таа кога Лепа заедно со Боки 13 учествувале на шоуто.
-Последниот „Голембрат“ со Сораја, Брендон, Немеш и Дуле мене лично ми беше најинтересно, но и најкреативно. Што се однесува до успешноста, но и гледаноста најдобро беше шоуто кога учествуваше Лепа Лукиќ- изјави Стаменковиќ кој несакаше да ги потврди дали позната пејачка ќе се најде во куќата во Кошутњак.Генералната проба за новиот серијал на „Големиот брат“ беше одржана вчера, а на познатите кои од 25-ти мар

Пронајдете не на следниве мрежи: