четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВМРО-ДПМНЕ: Јахоски го оштети Буџетот за 167 милиони евра, судиите му го вратиле времено пасошот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Асмир Јахоски кој го оштети Буџетот на државата за 167 милиони евра и за кого се води постапка, во моментов ужива на Босфор. Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Судиите избрани од ДУИ и СДС, како што се наведува, му го укинаа притворот и му го одземаа пасошот бидејќи тој даде милиони за гаранција дека нема да бега, сега се поставува прашањето како е тој во Турција кадешто ги троши милионите кои ги проневерил?
– Од информации во јавноста, дознаваме дека судиите му одобриле на Јахоски и му го вратиле времено пасошот за тој да може да шета и ужива по Босфор со нашите пари кои тој и неговите блиски ги украдоа од Буџетот на државата! Правдата изгледа ќе мора да почека додека тој слави матурски на Босфор. Затоа судиите мора да одговараат. Реформи во судството мора да има, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести