Центарот за управување со кризи предупредува дека, според УХМР се очекува зголемување на дел од реките.
Конкретно, заради обилни врнежи од дожд во Косово, таму е зголемен водостојот на реката Лепенец.
Во текот на вечерните и ноќните часови се очекува да има зголемување на водостојот и во нашата земја.
Истовремено, ЦУК предупредува на внимателно движење покрај коритото на реката Лепенец.



