Како што се наведува во соопштението, мониторингот опфатил десет точки: Кале, Топанско Поле, Шуто Оризари, Радишани, Бутел, Ф – 600, Железара- во раните утрински часови, Автокоманда, Визбегово и Чаир 1 од каде биле земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.
Покрај теренските мерења на рутинските параметри и концентрацијата на резидуален хлор, тестирањето било изведено и со страндардни методи со јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа и со Полимераза верижна реакција (ПЦР) метода за микробиолошката анализа.
-Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошкиодговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата запиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатираме дека водата одводоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата моженепречено да се употребува за хумана употреба, се посочува во соопштението од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
The post Водата во Скопје е безбедна за пиење и може да се користи. appeared first on 365.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи:



