Водата за пиење во Скопје е во согласност со Правилникот за безбедност и квалитет

Според анализите на Секторот за санитарна контрола, земените мостри од вода за пиење во Скопје, во периодот од 6 до 10 март, се усогласени со Уредбата за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од НП „Водовод и канализација – Скопје.

Во неделниот извештај компанијата информира дека во наведениот период земени се 194 мостри за физичко-хемиска анализа и 194 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 46 мерни места во Град Скопје.

Секторот за санитарна контрола, кој врши анализи за безбедност и квалитет на водата за пиење, е првата лабораторија во земјава акредитирана според стандардот ISO17025:2018. 

Пронајдете не на следниве мрежи: