Водата може да направи чудо од вашата линија, но мора да внимавате како ја пиете

Најевтиниот и најбезопасниот начин да ги намалите вишокот килограми го има во секој дом. Водата не е новитет во менито за слабеење, меѓутоа треба да се конзумира внимателно и да се следат одредени насоки.
Повеќето луѓе пијат многу малку чиста вода, со што добар дел од процесите во организмот се поспори. Бавниот метаболизам е проблематичен не само поради трупањето на вишок килограми, туку прави потешкотии и во чистењето на организмот. Покрај тоа, мозочните сигнали за жед и глад се прилично слични, поради што честопати непотребно се прејадуваме.
Ако сте согласни, читајте понатаму: во предложеното стои дека може да јадете како и досега, со едно правило – лесна вечера. Значи, вечерва без масло, маснотии и јаглехидрати. Риба, пиле, млечни производи, јајца, зеленчук – се дозволени. Нема други ограничувања. Едноставно треба во секојдневието да се вклучи потребното количество вода.


-Водата е добро да се пие 20-30 минути пред оброк, а количината во овој случај да не е поголема од 200 милилитри.
-Има луѓе кои мислат дека е добро да пијат 4-5 литри вода на ден, но ако не сте професионален спортист, 3 литри се сосема доволни. Да не се заборави – и премногу вода не е добро да се пие. Главното мерило е вашето чувство. На некои возрасни луѓе им се доволни не повеќе од 1,5-2 литри на ден. Слушајте си го телото.


-Доколку сте навикнале да пиете по неколку чаши кафе и чај на ден, не може одеднаш да започнете со три литри вода во едно деноноќие, туку се треба да се случува постепено. Првиот ден обидете се да испиете чаша повеќе отколку досега – особено ако количината на вода која ја пиете е речиси рамна на нула (ова важи за луѓето кои течности внесуваат само преку кафиња, чаеви и сокови). После два дена започнете со пиење на уште по една чаша на ден – и така натака, по истиот принцип.
-Во вода мож да додадете што сакате – краставички, лимон, јаболка… Но, тоа веќе не е чиста вода. Пиењето на такви пијалаци е убаво и можно, но не се пресметуваат во количината на чиста вода на ден. На таа тема, вода со ѓумбир помага во стимулирање на метаболизмот и губење на мастите, односно е одличен пијалак за навечер пред спиење.
Доколку ги следите препораките може да симнете меѓу 5 и 10 килограми во текот на еден месец, велат нутриционистите од бугарскиот Блиц. Ќе заборавите на надуеноста и ќе ги исфрлите токсините од телото.
Ќе јадете помалку и ќе се чувствувате многу подобро. На здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.