Седумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена откако била удрена од автомобил на улицата „Лесковачка“ во Куманово. Возачот по несреќата го напуштил местото.
Според МВР, несреќата се случила на 31 август околу 12 часот, кога патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во В.Д. од Куманово.
Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово.
На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото, како и за целосно расчистување на случајот.



