Во досега незапаметена трагедија во Македонија утрово загинаа, според официјалните информации 59 лица, над 100 се повредени, а неофицијално бројките се многу поголеми.
Трагедијата настана откако, според првичните информации, пиротехничките средства зафатиле дел од инсталацијата во таканаречената дискотека, по што голем пожар ја зафатила просторијата.





