Во Битола улиците се чистат според приоритет

Екипи на ЈКП „Нискоградба”- Битола од ноќеска и утрово ги чистат улиците според приоритетната листа за чистење улици во зимски услови утврдена од Советот на општина Битола.
Директорот на ЈКП „Нискоградба” – Битола Методи Силјановски за МИА потврди дека до сега по улиците на подрачјето од надлежност на тамошната локална самоуправа се фрлени 50 тони сол и 50 метри кубни ризла.
– Чистењето на снегот се врши од ноќеска, а во раните утрински часови, во зорите…почнавме интензивна акција во која се вклучи целата наша механизација како и механизација на фирми подизведувачи со кои соработуваме. Се чистат улиците од прв и втор приоритет, се чисти во урбаниот и руралниот дел на општината, посочи Силјановски.
Според првичните информации на УХМР, во Битола има околу 15 сантиметри снег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.