четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во близина на Виница пронајдено починато машко лице со прострелна рана од оружје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од Основното јавно обвинителство велат оти согласно првичните информации, починатиот е идентификуван како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов

Во близина на Виница е пронајдено тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство. Увид на местото извршиле припадници на Основното јавно обвинителство Кочани, а согласно првичните информации починатото лице е идентификувано како ловочувар кое било дел од група за комерцијален лов.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во рамки на истрагата се задржани тројца странски државјани и еден македонски државјани кои биле дел од истата ловна група. За нив, надлежните институции ќе испитуваат дали биле инволвирани во пукањето.

„Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан“,велат од Основното јавно обвинителство.

Поврзани вести