Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани.
Како што денеска соопшти Здравствениот центар во овој град, до 23 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала на српските граѓани, македонските и од други држави лица изнесува 76.899.
Од нив, бројот на вакцинирани граѓани на Северна Македонија со првата доза е 12.006, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е 6 лица.
Бројот на граѓани на Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9.392 и 7 државјани на БИХ.
Бројот на вакцинирани граѓани на Србија со првата доза е 27.986, додека со втора доза се вакцинирани 27.385 српски државјани.
Ако се земат предвид сите овие бројки, во Врање најчесто е аплицирана кинеската вакцина Синофарм – вкупно 49.058 пати – прва доза 24.952, а втора 24.106.
Потоа следува Фајзер, која беше дадена во вкупно 20.653 случаи – првата доза 11.449, а втората 9.204.
Рускиот Спутник В е даден во 6.256 дози – прва 3.149, а втора 3.107.
Астра Зенека аплицирана е во 932 случаи – 455 + 477.
Во петокот вакцинирани се 54 македонски државјани со првата доза и 55 лица со втората доза на вакцините на Синофарм и Фајзер.
Тоа е повеќе во однос на граѓаните на Србија, кои примиле по 36 од првата или втора доза на вакцината.
Според планот на Здравствениот центар во Врање, во сабота кинеската вакцина (втора доза) треба да ја примат 63 граѓани, а со втората доза на Фајзер че се ревакцинираат 129 лица. Во недела се планирани 31 втора доза на Фајзер и 71 на кинеската вакцина Синофарм.