Во Гостивар ќе биде прогласена епидемија, бројот на заболени се зголемува

Во Гостивар во текот на денот се очекува да биде прогласена епидемија откако нагло е зголемен бројот на заболени кои бараат лекарска помош. Одлуката треба да ја донесе Центарот за јавно здравје од Тетово.
Раководителот на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје Драган Кочински во изјава за медиумите рече дека досега се поднесени 140 официјални пријави за заразна болест, а епидемиолозите од Гостивар и ИЈЗ сè уште ги анкетираат заболените.

– Се забележува пораст на стапката на заболени лица преку АЛЕРТ-системот и надминување на прагот на неделно ниво за територијата на Гостивар, изјави Кочински.
Прогласување на епидемија, според Кочински, би значело подобра комуникација и координација на сите чинители да се надмине ситуацијата.
Резултатите од мострите од гостиварскиот водовод се очекуваат утре кога ќе бидат предаддени на Јавното обвинителство.
Која е причината за загадувањето во Гостивар ќе биде познато утре

The post Во Гостивар ќе биде прогласена епидемија, бројот на заболени се зголемува appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: