(Во живо) Потребни се финансии, медицински материјали, психолошка поддршка – Донирајте за Кочани!

Повредените и семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани имаат потреба од финансии, но и од секакви медицински помагала, психилошка помош и слично, истакна денес во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс Ненад Вржалски од Support Kocani.

– Моментално повредените имаат потреба од секакви медицински помагала, завои, протези, психолошка рехабилитација, третман, друга рехабилитација која им е потребна. Има потреба, ова ќе трае моѓеби и со години, потребна е психилошка поддршка и секако финансиска поддршка поради тоа што во моментов не се знае кога и што ќе затреба кај нив. Ние се трудиме тоа да им го олесниме, да има средства и да можат тоа лесно да си го обезбедат. – истакна Вржалски.

Емисијата е донаторска, ги замолуваме нашите читатели и гледачи доколку се во можност да донираат на веб-страницата на Support Kocani.

Линк за донации:

https://supportkocani.com/?lang=mk&fbclid=IwY2xjawKYbqNleHRuA2FlbQIxMQABHoIuTAeAG9R7o9IJjvHnQAB4btLeqqQd7OJK8rAhVO9_241Av9Y6QEzdGmhh_aem_FLyQvI3ou-83MdW-x77AAw

Следете ја емисијата во живо во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи: