Во златните години доволни се 6 часа сон

Поради забрзаниот начин на живот, денес ретко кој спие подолго од 7 часа.
Во текот на спиењето, мозокот ослободува токсини и се „чисти“ од непотребните материи. Важно е да се заспива и станува во исто време за организмот да се навикне на одреден ритам. Доколку сте останале будни до подоцна, недостатокот на сон може да се надомести со попладневен одмор, кој не треба да трае предолго.
Во златните години доволни се 6 часа сон
„Технички“ услови за здрав сон
Собата во која спиете треба да биде уредна и темна. Идеалната температура е 16 степени, а пред спиење треба да се одбегнува гледање во мобилен телефон. Се препорачува последниот оброк да се консумира приближно четири часа пред легнувањето, а чајот од камилица или топлото млеко навечер ќе ве опуштат и притоа ќе ви помогнат полесно да заспиете.


Доколку сте гладни, изедете малку ореви или банана бидејќи тие смируваат. Доколку имате проблеми со спиењето, не пијте кафе по 15 часот и не вежбајте неколку часа пред спиењето.
Пред да си легнете, истуширајте се со топла вода или издвојте 15 минути за бања во која ќе додадете некое смирувачко етерично масло, како што е лавандата. Тоа ќе ве смири, па полесно ќе заспиете.
Проблеми со несоница
Околу 26% од луѓето често се соочуваат со несоница, од кои 15% со несоница од полесен вид, а 11% со таква од потежок и долготраен вид. Несоницата најчесто се јавува на возраст помеѓу 46 и 59 години.
Луѓето кои спијат помалку од четири часа имаат 73% поголеми шанси за зголемување на килограмите и дневно внесуваат и по 900 калории повеќе отколку што е потребно. Недостатокот од сон предизвикува:
Поспаност по поголеми оброци, попладне или за време на возење
Нервоза и пречувствителност
Губење или зголемување на апетитот
Зголемување на телесната тежина
Склоност кон настинки и инфекции
Намалена мотивација и концентрација
Забавеност/слаби физички реакции
За да пресметате колку сон ви е потребно треба да знаете во кое време треба да се разбудите. Со оглед на тоа што еден циклус на сон трае 90 минути, а се препорачува да се отспијат просечно 5 циклуси во текот на ноќта, потребни се 7,5 часа сон.
Одлучете кога треба да се разбудите и од тоа време одземете 7,5 часа и ќе знаете кога треба да легнете. Пример: Доколку треба да се разбудите во 6:00, од тоа одземете 7,5 часа. Вашето идеално време за легнување е 22:30.
Препорачано времетраење на сонот според старосната возраст
Новороденчиња: од 14 до 17 часа. Не се препорачува помалку од 11 ниту повеќе од 19 часа сон.
Доенчиња (4-11 месеци): од 12 до 15 часа. Не се препорачува помалку од 10 часа ниту повеќе од 18 часа.
Деца од 1 до 2 години: од 11 до 14 часа. Не се препорачува помалку од 9 часа ниту повеќе од 16 часа сон.
Деца од 3 до 5 години: од 10 до 13 часа. Не се препорачува помалку од 8 часа ниту повеќе од 14 часа сон.
Ученици (6-13 години): од 9 до 11 часа. Не се препорачува помалку од 7 часа ниту повеќе од 12 часа сон.
Тинејџери (14-17 години): од 8 до 10 часа. Не се препорачува помалку од 7 часа ниту повеќе од 11 часа сон.
Младинци (16-25): од 7 до 9 часа. Не се препорачува помалку од 6 часа ниту повеќе од 11 часа сон.
Возрасни (26-64 години): од 7 до 9 часа. Не се препорачува помалку од 6 часа ниту повеќе од 10 часа сон.
Златни години (65 и повеќе): од 7 до 8 часа. Не се препорачува помалку од 5 часа ниту повеќе од 9 часа сон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.