четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во мај или јуни ќе се знае кој министер ќе биде сменет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кој министер ќе биде сменет или ќе премине во друго министерство ќе се знае во мај или јуни. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека за тогаш ја планира владината реконструкција.
         Во изјава дадена денеска во Тетово, Мицкоски прашан дали ќе биде разрешен министерот Фатмир Лимани, рече дека во мај или јуни ќе биде познато се.
– Многу од прашањата за време и пред реконструкцијата ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме за тоа, рече Мицкоски.
Мицкоски тврди дека имаат многу добра соработка во владината коалиција и не гледа причина за преговори и коалирање со други политички субјекти.

Поврзани вести