Еве кога флашираната вода може да биде опасна по здравјето!
Сите знаеме колку е важен внесот на вода за здравјето, а експертите досега многу пати разговарале за тоа дали е поздраво да пиете вода од чешма или флаширана вода.
Самата флаширана вода е здрава и тестирана, но руската нутриционистка Наталија Денисова предупредува дека во еден случај, оваа вода може да биде лоша за вашето здравје.
“Водата што се продава во продавница е проверена и безбедна. Меѓутоа, ако сончевата светлина во продавницата падне директно на полицата каде што е флашираната вода, тогаш пластиката се загрева. Ако амбалажата за вода е направена од ефтина пластика, тогаш тоа станува проблем. Постои ризик, дека во овој случај штетните супстанции, вклучувајќи ги и полифенолните соединенија, ќе се испуштат во водата. Ако постојано пиете таква вода, со време ќе се јават и негативни последици по здравјето. А ако водата е и газирана, ризикот е поголем. Во тој случај сончевта светлина дополнително го зголемува ризикот од ослободување на штетни материи од пластика во водата”, вели таа.
Поради оваа потенцијална опасност, нутриционистката вели дека е најздраво да се пие вода од чешма со филтри за прочистување.