Во Сремска Митровица пронајдена украдена слика на Рембрант

Српската полиција ја пронашла во Сремска Митровица, во Војводина, украдената слика „Портрет на таткото“ на Рембрант и уапсила четири лица, јавија во понеделникот навечер војводинските медиуми.Сликата со димензии 28 на 22,5 сантиметри изработена во 1630 година на Рембрант Херменс ван Рејн, големиот мајстор на барокот од златниот период на холандската уметност, за која се верува дека е има голема вредност, беше украдена пред седум години од музејот во Нови Сад.Медиумите наведуваат дека во текот на кражбата од 8-ми јануари 2006 година, двајца маскирани и вооружени крадци го врзале чуварот и освен „Портретот на таткото“ украле уште три слики меѓу кои и патното „Сенека“ на не помалку славниот Рубенс, „Пејзаж со рибар“ на Пјер Франческо Моле и „Главата на Христос“ на непознат холански или германски автор од XVI век.Како што беше своевремено наведено од полициски извори, грабежот бил изведен „елегатно“, без повредени а сите слики биле извадени од рамките без никакви оштетувања.Автентичноста на пронајдената слика, проценета на околу три милиони евра, ја потврдиле експерти. Станува збор за познато дело на Рембрант кој веќе еднаш беше украдено во 1990-те, но подоцна беше пронајдено во Шпанија.
МакфаксСрпската полиција ја пронашла во Сремска Митровица, во Војводина, украдената слика „Портрет на таткото&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: