сабота, 14 ноември 2026
Најново

Во Турција откриено нафтено поле вредно околу 12 милијарди долари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Нафтено поле со резерви од околу 150 милиони барели е откриено на југоистокот на Турција, во провинцијата Ширнак, соопшти турскиот претседател Таип Ердоган по денеска одржаната владина седница.

„Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од десетте најголеми наоѓалишта откриени годинава на копно. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари“, рече Ердоган.

Ердоган претходно денеска изјави дека Турција има намера да произведува околу сто илјади барели нафта дневно, без да прецизира од кои наоѓалишта.

Поврзани вести