Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

Во Франција е откриен првиот случај на нова варијанта на мајмунска сипаница, соопшти француското Министерство за здравство.

Во соопштението се наведува дека пациентката од Бретања, која била заразена со мајмунски сипаници, не отпатувала во Централна Африка, од каде потекнува новата форма на вирусот на мајмунски сипаници, туку била во контакт со две лица кои се вратиле од тој регион.

Министерството посочува дека здравствените власти го истражуваат изворот на инфекцијата и работат на пронаоѓање на сите потенцијални контакти, пренесе Ројтерс.

Пронајдете не на следниве мрежи: