недела, 15 ноември 2026
Најново

(Видео) Косовската полиција изврши рација во просториите на даночната управа во С.Митровица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Косовската полиција утринава изврши упад во управата за данок на приходи во Северна Митровица, која работи според системот на Република Србија.

Како што јавува новинарот на Косово онлајн, во просториите на управата за данок на приходи се присутни и припадници на косовската полиција во цивилна облека, заедно со еден вработен во таа институција, додека останатите ја напуштиле зградата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, за Косово онлајн потврди дека во тек е акција на косовската полиција, и дека земаат изјава од лице вработено во таа институција.

Утрово имавме акција во зграда лоцирана во бошњачката населба. Во даночната управа најдовме работници кои работеле во системот на Република Србија. Таму има екипа, заедно со обвинителот, земаат изјава од еден од вработените. После тоа ќе знаеме повеќе детали“, рече Елшани.

Поврзани вести