Во четири региони на Украина денеска почнуваат референдуми за присоединување кон Русија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека ова е опасна ескалација и дека никакви оправдувања, како што е „руското право на украинска почва“, не може да ја лиши Украина од правото да се брани.

Луѓето во четири окупирани региони на јужна и источна Украина ќе гласаат во наредните денови дали да станат дел од Русија, на референдуми кои западните влади и експертите за избори ги опишаа како измама.

Сепаратистите и функционерите поддржани од Москва најавија претходно оваа недела дека ќе се гласа од петок до вторник во четири провинции: Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје. Тие тврдат дека имаат широка јавна поддршка за приклучување кон Русија.

Референдумот се совпаѓа со тоа што рускиот претседател Владимир Путин најави мобилизација на околу 300.000 резервисти и се закани со нуклеарна одмазда за какви било напади на руска територија, во услови на неуспеси на бојното поле против украинската контраофанзива.

Во четири региони на Украина денеска почнуваат референдуми за присоединување кон Русија

Во областите во Украина контролирани од Русија денеска се одржуваат референдуми за приклучување кон Русија. Тоа се регионите Луганск, Доњецк, Запорожје и Керсон.

Референдумите ќе бидат отворени пет дена.

Западните земји го сметаат овој потег за одземање земја и одбија да ги признаат резултатите од гласањето.

Во четири региони на Украина денеска почнуваат референдуми за присоединување кон Русија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека ова е опасна ескалација и дека никакви оправдувања, како што е „руското право на украинска почва“, не може да ја лиши Украина од правото да се брани.

Украинскиот претседател во вчерашното обраќање рече дека гласањето било недемократско и лажно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.