Враќање на ,,тешкашите”: ВМРО-ДПМНЕ ги откри првите 25 кандидати за градоначалници – Коце Трајановски повторно трча за Скопје

– ВМРО-ДПМНЕ ја отвора партиската офанзива за претстојните локални избори. На вечерашната седница на Извршниот комитет, партијата официјално ги објави првите 25 кандидати за градоначалници – комбинација од докажани кадри и нови лица со јасна цел: масовна мобилизација и освојување на локалната власт.Главната вест е кам-бекот на поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, кој по осумгодишна пауза повторно ќе се бори за градскиот трон. Неговото враќање се толкува како силна порака дека партијата вложува во проверена политичка тежина и искуство.🔴 Клучни имиња на листата:Скопје – Коце ТрајановскиБитола – Тони КоњановскиОхрид – Кирил ПецаковКавадарци – Митко ЈанчевШтип – Иван ЈордановВелес – Марко КолевГевгелија – Андон СарамандовИлинден – Александар ЃоргиевскиЃорче Петров – Александар СтојкоскиБутел – Дарко КостовскиАеродром – Дејан МитескиВо листата се вклучени и кандидати за помали општини, но со еднакво важна улога во изборната стратегија: Делчево, Свети Николе, Берово, Зелениково, Чучер Сандево и други.📌 Стратегија: „Испробани луѓе – нова енергија“Од партијата велат дека изборот е направен врз основа на конкретни резултати и доверба од граѓаните. Целта е, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „секој кандидат да биде победник, а секоја општина – победена територија“.Најавено е дека во следните денови ќе бидат претставени и останатите кандидати. Со ова, почнува жешката предизборна кампања која, според сите прогнози, ќе биде една од најжестоките во последната деценија.

Пронајдете не на следниве мрежи: