недела, 15 ноември 2026
Најново

Временска прогноза за утре и следните денови!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето утре во Република Македонија ќе биде променливо облачно со повремен слаб локален дожд, а по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, а дневните од 5 до 13 степени Целзиусови.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во Скопје слично време со температура до 10тиот степен.

Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно, утре со повремен локален дожд, а во вторник поради продор на постудена воздушна маса со локален слаб снег.

До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а во петок и во деновите од викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Поврзани вести