Вугринец: Како лавови ќе се бориме за боите на Металург

Ракометарите на македонскиот шампион Металург, во Крањска Гора, ги финишираат подготовките за натпреварот со Горење, кој ќе се одигра во рамките на осмото коло, во Лигата на шампионите.Металург, во Словенија, пристигна, пристигна од Белорусија, каде во неделата, играше против Мешков Брест, во регионалната СЕХА лига.Натпреварот против Горење, може, но и не мора да одреди која од двете екипи, по завршувањето на првата фаза во Ц групата.„Екипата е во ред. Малку сме уморни од патувањето, но ќе го надминеме тоа. Поради Светското првенство долго време не бевме заедно и сега се трудиме да го фатиме ритамот од крајот на минатата година. Има доста играчи што веќе подолго време не одиграле силен натпревар“, вели во интервју за клупската интернет страница (www.rkmetalurg.mk), десниот бек Ренато Вугринец.Искусниот ракометар, во минатото како играч на Цеље, има одиграно многу натпревари против Горење, оценува дека како поранешен играч на лутиот ривал, нема да биде премногу пријателски пречекан од домашните навивачи.Вугринец, во суперлативи зборува за Горење, но смета тоа ќе биде еден од оние дуели каде нема да решава моменталната форма туку желбата за победа.„Горење игра брз модерен ракомет, со брз центар. Тие ќе се обидат да нѐ претрчаат. Играат дома, каде што се особено силни. Фаворити се, но и ние имаме свои квалитети. Се надевам дека ќе имаме добар ден и дека среќата ќе ни биде наклонета. Ние ќе се бориме како лавови, бранејќи ги боите на најдобриот македонски клуб.“, вели Вугринец.Натпреварот помеѓу Горење и Металург ќе се одигра в сабота, со почеток во 16:30 часот.
MakфаксРакометарите на македонскиот шампион Металург, во Крањска Гора, ги финишираат подготовките за натпреварот со Горење, кој ќе се одигра во рамк

Пронајдете не на следниве мрежи: