ВУЧИЌ ЗА НЕСРЕЌАТА СО ДРОНОТ ВО ЗАГРЕБ: НИЕ ЌЕ ГО УРНЕВМЕ ЗА ПЕТ МИНУТИ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговата земја никогаш немала посилна армија.

Тој се осврна и на падот на дронот во Загреб кој влезе од Унгарија, а се верува дека дошол од Украина.

– Тоа што се случи во Загреб не можеше да и се случи на Србија, ќе го соборевме тој дрон за пет минути – изјави денеска Вучиќ во Каќ, кој е и претседателски кандидат на СНС за изборите во април.

Тој на предизборниот митинг се осврна и на теми како Украина, НАТО, падот на дронот во центарот на Загреб, но и подготвеноста и опремата на српската армија.

– Гледам повторно како разговараат за тоа како треба да бидеме дел од НАТО. Мислам дека тоа не треба да биде така. Ние имаме своја војска и ќе ја чуваме сопствената земја и сопственото небо. Од военото раководство добив потврда дека тоа што се случи во Загреб ќе ни одземе само пет минути и дека ќе соборат такво летало. Затоа што денес имаме нешто, имаме дежурни МиГ и системи за противвоздушна одбрана. Се гордеам со тоа, а тоа е ваша заслуга – изјави Вучиќ, пренесе Курир.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.