четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на СБ на ОН за шестомесечниот извештај на УНМИК за работата на Косово, кажа дека „Албин Курти не е во Њујорк, туку е зафатен со поткопување на регионалната стабилност бидејќи тој лично ја води кампањата за изборите на неговата партија во соседна Северна Македонија“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Замислете, најпопуларен политичар во Македонија не е Албин Курти, туку претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој притоа нема никаква кампања во Македонија. Се извинувам како претседател на Србија што нашиот државјанин вака се однесува на меѓународна сцена, рече Вучиќ.
Тој порача дека Србија не се меша во внатрешните работи на Северна Македонија.
-Сакам да им пренесам на луѓето во Северна Македонија дека мешањето во нивните внатрешни работи не е политика на Србија, туку на нашиот неодговорен државјанин Албин Курти, рече Вучиќ.

Поврзани вести