Вучиќ од петок го враќа полицискиот час

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека ситуацијата во Србија, особено во Белград, е критична, а за викенд повторно ќе биде воведен полициски час.
„Денеска од почетокот на епидемијата е најтежок ден, имаме 13 починати. Во овој момент имаме повеќе од 120 луѓе на респиратор. Во Белград ситуацијата е алармантна“, вели Вучиќ.
Од утре забрането е собирање на повеќе од пет луѓе, како на отворено, така и во затворени простории, а од петок полииски час, заклучно со понеделник.


Поеќе информации ќе бидат споделени по состанокот на Кризниот штаб, додаде Вучиќ.
„Имаме 4.000 во болница“, рече Вучиќ, а повика граѓаните бесот да го насочат кон него, а не кон лекарите.
Според него, во Белград е алармантно, но луѓето навреме се јавуваат во болница, па затоа има помалку починати.
Апелираше до граѓаните да не бидат себични, затоа што е неопходно да се сочува здравствениот систем.
„Ќе донесуваме непопуларни политички одлуки, болниците ни се преполни“, вели тој и додава дека Војводина и понатаму е со најповолна ситуација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.