Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод митингот против ископувањето на литиум рече дека тој се одвивал во демократска атмосфера, но кога митингот заврши, дојдовме до ситуација да ја окупираме пругата, да го запреме сообраќајот на Газела. Тоа не беше израз на демократијата, туку теророт на малцинството над мнозинството, рече Вучиќ.
Тој обвини дека дел од демонстрантите се платени од странство и дека му е јасно воодушевувањето од протестот во околните земји, но не ја разбира намерата на демонстрантите кои ги обвини дека ја уништуваат српската економија.
– Им честитам на полицајците кои совршено без насилство ја одработија задачата, вели Вучиќ.