Гавазова ги собра наградите од Валандово

Во петокот и саботата во Домот на културата „25 Мај“се одржа 29то издание на Фолк-фест „Валандово“.На ова издание на фестивалот големите македонски фолк ѕвезди учествува во главната ревијална вечер, каде настапија со песните од сите 28 претходни издание на фестивалот.
Со  награди се закитија фолк пејачката од Струмица, Сузана Гавазова, која ја освои првата награда од публиката, додека фолк пејачката Блага Петреска се закити со прво место од жирито.
Победничката песна на Гавазова носи наслов „Умирам по тебе“ на музика и аранжман на Дејан Момировски, а текст на Борче Нечовски. Петреска, пак освои награда за песната „Каква судба“ на музика на Миле Барбаровски, напишана од нејзината ќерка Оља Ангелевска.
Втората награда од публиката отиде кај дуетот на Даниела Телемелковска и Даниел Блажевски за песната „Животот ни носи се'“, а третата на Благојче Стојановски-Туше за „Моја Надице“. Жири-комисијата и го додели второто место на Милица Кузмановска, која ја отпеа „Заедно до крајот, а третото место го поделија дуетот Благица Павловска- Душко Георгиевски за „Сто пати да се родам“ и гостинот од Србија, Жарко Тимотиевиќ за песната „Овде сретнав убавина“.
Наградата за најдобра интерпретација ја доби Нино Величковски за интерпретација на песната „Остави ме“. Најдобар аранжман имаше Сашо Ливрински за песната „Сто пати да се родам“, а наградата за најдобар текст му припадна на Борче Нечовски за победничката песна на Гавазова, „Умирам по тебе“.Во петокот и саботата во Домот на културата „25 Мај“се одржа 29то издание на Фолк-фест „Валандово&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: