Гасоводот „Северен тек 1“ на „Газпром“ нема да испорачува природен гас во Германија 10 дена во средината на јули, бидејќи е подложен на годишно одржување. На почетокот на месецов беше потврдено дека работата ќе се одвива од 11 до 21 јули.

Германија е загрижена поради исклучувањето, плашејќи се дека протокот на гас нема да биде повторно вклучен, објави во четвртокот Фајненшл тајмс.
Според весникот, минатонеделното намалување на протокот на гас од 60% од страна на Газпром поради технички проблем со делови ги зголеми стравувањата дека снабдувањето може целосно да се прекине. Ова се случува кога Европа се обидува да ги надополни своите резерви на гас пред зимската сезона.
Во последниве години, недостигот на снабдување поврзан со одржувањето преку Северен тек беше компензиран со зголемени текови низ Украина или Полска. Сепак, различни официјални лица и претставници на индустријата изјавија за ФТ дека се плашат дека Русија можеби нема да го стори тоа овој пат, оставајќи го континентот да се соочи со недостиг на гас.
Германската влада во четвртокот го прогласи второто ниво на „аларм“ од својот план за итни случаи за гас на три нивоа. Според Федералната агенција за мрежа, ситуацијата со снабдувањето со гас во моментов е стабилна, но ако руските испораки преку гасоводот Северен тек 1 останат на сегашното ниско ниво, Германија ќе се бори да го наполни складиштето до 90% до декември без дополнителни мерки.
Пронајдете не на следниве мрежи:


