Гаспачо-ладна супа од домати

3-4 зрели домати
1 зелена пиперка
1 помала краставица
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 кришка бајат леб
2 лажици оцет
100 мл маслиново масло
сол и мелен црн пипер
исечкана лута пиперка по вкус
вода по потреба
Во блендер ставете го лебот исечкан на парчиња и додадете малку вода за да се натопи. Додадете ги маслото, оцетот, и исечканиот кромид и лук, па миксајте додека добиете паста. Потоа додадете ги парчињата краставица без семки, пиперка и домати, и миксајте додека се соедини смесата. Додадете вода за до добиете супа со густина која вам ви одговара. Посолете, зачинете со црн пипер и додадете лута пиперка по желба.
Пред послужување изладете ја супата во фрижидер и сервирајте со сечкан зеленчук  или парчиња препечен леб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.