Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на Македонија

 – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.  

Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и Руте.
Генералниот секретар на НАТО ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.
Руте ќе ја посетi и  касарната „Илинден“ и ќе се сретне со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.
ПО посетата на поранешниот прв човек на НАТО, Јенс Столтенберг, ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје.  .

Пронајдете не на следниве мрежи: