недела, 15 ноември 2026
Најново

Ген-секот на СДСМ: Партијата се консолидира, сите општински комитети сакаат средба со Филипче

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДСМ се консолидира и е во многу подобра состојба отколку што беше по завршувањето на изборите, истакна во гостување во „Политиканти“ на Инфомакс генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ.

Во врска со мислењето на членството за новоизбраниот претседател на партијата, Венко Филипче, Димитријевиќ истакна дека членовите на партијата имаат позитивно мислење за Филипче, меѓу другото и затоа што раководи со партијата во доста тешки времиња за истата. Како што кажа Димитријевиќ, сите општински комитети бараат средба со Филипче, што е јасен показател дека членството го бара и почитува претседателот на партијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во врска со изборот на Филипче со 10.000 гласови на внатрепартиските избори, што е бројка доста помала од гласовите за претходните претседатели на СДСМ, Димитријевиќ истакна дека тоа е сериозна бројка, имајќи предвид дека останатите партии избираат претседатели со 400-500 делегати.

Поврзани вести