Германија и Италија ќе влезат во рецесија

Во 2023 година, Германија и Италија ќе влезат во рецесија. Тие  ќе бидат првите напредни економии кои ќе имаат забавување по руската инвазија на Украина, покажа прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Што изјави шефицата на ММФ:

Неповолни се прогнозите во однос на инфлацијата која ја тресе Европа. Светот е пред рецесија. Економски ризици има и за идната година. 

„Инфлацијата може да стане како „воз кој излегол од контрола“, вели шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.
Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, предупредија за зголемениот ризик од глобална рецесија. Вели дека инфлацијата останува постојан проблем по рускиот напад врз Украина.

Шефицата на ММФ Георгиева рече дека ММФ гледа „значаен проблем“ во Кина, втората по големина економија во светот, каде што нестабилноста на пазарот на домување го намалува економскиот раст.
Германија и Италија ќе влезат во рецесија

Германскиот бруто домашен производ – најголемиот во регионот – ќе се намали за 0,3 отсто, а италијанскиот БДП ќе се намали за 0,2 отсто, објави ММФ во ажурирањето на својата светска економска перспектива. 

Целокупното производство на еврозоната нагло ќе забави во 2023 година. 

Пронајдете не на следниве мрежи: