ГЕРМАНСКИ ДИПЛОМАТ го претепал сопругот до смрт, се обидел да го прикрие убиството

Висок германски дипломат беше уапсен во Бразил и обвинет дека до смрт го претепал својот сопруг со кој е повеќе од две децении, во нивниот стан.

ГЕРМАНСКИ ДИПЛОМАТ го претепал сопругот до смрт: Кога пристигнала полицијата, вака се обидел да го прикрие убиството

Уве Херберт Хан, германскиот конзул во Бразил, беше уапсен минатиот викенд откако неговиот сопруг, 52-годишниот Валтер Анри Максимилиен Биот беше пронајден мртов. Хан, наводно, им рекол на полицајците дека Биот претрпел пад во нивниот пентхаус во Рио де Жанеиро претходната вечер и починал.

Хан тврди дека Биот почнал да трча кон балконот на станот, а потоа се сопнал преку тепих и ја удрил главата – предизвикувајќи повреда која се покажала фатална.

Полицијата вели дека телото на Биот било покриено со модринки, од кои некои изгледале како резултат на газење, а тој исто така имал белези од цилиндрични предмети кои не биле во согласност со падот.

Не е јасно кој ги повикал полицајците во станот на парот – во луксузната населба Ипанема – во саботата, но Дејли Мејл пишува дека полицијата пристигнала и го виделе Хан како се обидува да го исчисти станот.

Тој е приведен на сослушување откако форензичките тимови влегоа со луминол – супстанца што свети во контакт со крв – што тие го користеа за откривање на дамки од крв. Полицијата пронашла крвави дамки на подот од станот и уште една сомнителна крв на троседот кој неодамна бил исчистен.

Хан им кажал на полицајците дека Биот – белгиски државјанин – имал проблем со пиењето и земал апчиња за спиење.

Тој, наводно, изјавил на полицијата дека Биот се однесувал „чудно“ во деновите пред неговата смрт и изгледал „панично или нервозно“.

Хан тврдел дека бил во кујната кога слушнал дека Биот станал и почнал да трча, пред тој да се сруши.

Тој рече дека го слушнал својот сопруг како „стенка“ на подот и дека првично мислел дека е пијан и се обидел да го легне во кревет.

Дури откако му испратил слика на пријател во кој се жали дека Биот е „повторно пијан“, Хан тврдел дека ја забележал крвта.

Но, форензичките испитувања открија дека Биот починал од рана на задниот дел од главата, а не од предната страна, што би било во согласност со приказната за падот. Ова, заедно со бројните други повреди со кои се здобил Биот, ги навело полицајците да заклучат дека неговата смрт е резултат на насилство.

Полициската службеничка Камила Лоренцо рече дека „верзијата за настаните дадена од конзулот, дека жртвата паднала, не е во согласност со заклучоците од форензичкиот извештај.

Бразилските медиуми пишуваат дека Хан нема да има дипломатски имунитет со оглед на природата на злосторството.

Хан и Биот биле во брак 23 години.

Но, форензичките испитувања открија дека Биот починал од рана на задниот дел од главата, а не од предната страна, што би било во согласност со приказната за падот. Ова, заедно со бројните други повреди со кои се здоби Биот, ги наведе полицајците да заклучат дека неговата смрт е резултат на насилство.

Полициската службеничка Камила Лоренцо рече дека „верзијата за настаните дадена од конзулот, дека жртвата паднала, не е во согласност со заклучоците од форензичкиот извештај. Трупот „вреска“ за околностите на неговата смрт“.

Бразилските медиуми пишуваат дека Хан нема да има дипломатски имунитет со оглед на природата на злосторството.

Хан и Биот беа во брак 23 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.