четврток, 12 ноември 2026
Најново

Германски „Дојче бан“ обезбеди 63 генератори за украинската железница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Хановер, 23 декември 2022 (МИА) – Германската државна железница „Дојче бан“ ќе ѝ достави на украинската железница генератори за итни случаи, поради руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина.

Првите 63 генератори што ќе бидат испратени во Украина се натоварени во Хановер, соопштено е денеска од „Дојче бан“. Донираните генератори ќе се користат за напојување на железнички станици и возови, за нивно осветлување, греење и затоплување вода.

Во јануари се предвидува дека ќе бидат испорачани уште 325 генератори за итни случаи за снабдување на патничките простори и работните места на украинските железници.

„И покрај најнеповолните услови, неверојатно храбрите железничари го одржуваат железничкиот сообраќај во Украина што е можно подолго“, рече шефот на „Дојче бан“, Ричард Луц.

„Обезбедуваме поддршка онаму каде што сега е итно потребна помош“, рече тој.

– Реклама –








Поврзани вести