Големи резерви ураниум откриени во Иран

Големи резерви на ураниум биле пронајдени во Иран, соопшти во саботата Associated Press наведувајќи информација на иранската државна телевизија.„Иран откри големи резерви ураниум, што ќе ја зајакне неговата позицијата меѓу земјите кои поседуваат нуклеарна технологија“, се наведува во информацијата на иранската телевизија на англиски јазик Press TV, којашто го цитира соопштението објавено во саботата од Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI).Според соопштението, новите наоѓалишта ќе му овозможат на Иран резерви од ураниум во размер од 4.400 тони. Веќе триесет години наназад иранските резерви на ураниум се проценуваат на околу 1.500 тони.Ураниумот му е неопходен на Иран за функционирањето на неговите нуклеарни централи, кои Исламската Република има намера да ги изгради во наредните 15 години како дел од објавениот план за производство на електрична енергија со напојување на 20.000 мегавати, со којашто ќе ја задоволи брзо-растечката потрошувачка на енергија во земјата.Збогатување на ураниум до 20 отсто е централниот проблем на ткн „иранско нуклеарно досие“. Имено, ураниумот збогатен до 20 отсто, според експертите, брзо може да се претвори во високо збогатен до 90 отсто, кој се користи за производство на нуклеарно оружје. САД и некои други западни земји и Израел се сомневаат дека Иран развива нуклеарно оружје под маската на цивилна нуклеарна програма. Техеран, пак, тврди дека неговата нуклеарна програма е насочена само за задоволување на потребите од електрична енергија во земјата.
МакфаксГолеми резерви на ураниум биле пронајдени во Иран, соопшти во саботата Associated Press наведувајќи информација

Пронајдете не на следниве мрежи: